Intervju Srđana Janićijevića za ANTORIS



Срѓан Јаниќијевиќ: Управувањето е чесна професија со висок степен на одговорност

Слоганот „Твојот развој – наш успех“. Мисијата „управувачките вештини во служба на општествената благосостојба“, како и  ЗНАЕЊЕТО како клучен извор за конкурентска предност се во основа најдобра дефиниција за постоењето на Мокрогорската школа за менаџмент во Србија (МШМ).

Станува збор за школа која негува традиционални вредности, искуство и знаење, која постојано се развива и расте со своите корисници, која прифаќа нови трендови, и сепак останува уникатна и препознатлива на пазарот за образование на возрасни.

Инспириран од верувањето дека работата, знаењето и искуството, целта, визијата и заедништвото се она што може да ја направи нашата околина подобра и поуспешна, Срѓан Јаниќијевиќ, ја основал оваа образовна институција МШМ  како –прв избор за регионалното стопанство на светски познатата Алтер глобална бизнис школа. За вредноста на училишната програма,  рефлексиите од  неа во стекнатото знаење, за креативната атмосфера, тимски дух и верба дека има поголема цел во бизнисот, искусниот бизнисмен и менаџер, директорот на МШМ, Јаниќијевиќ зборува во интервјуто за е-магазин „Анторис“.

-Г- дине Јаниќијевиќ годинава се навршуваат 10 години од  постоењето на Мокрогорската школа за менаџмент. Какво е чувството една цела деценија да сте на врвот на една ваква научна установа низ која поминаа и се уште се заинтересирани да ја поминат многу менаџери – луѓе кои сакаат вашите дефиниции за работните стратегии, за претприемаштвото и менаџментот да ги спроведат во пракса во своите компании. И преку редовните програми и преку  вивалди…. Дали сте задововолни од одзивот, пристапот и резултатите што се постигнуваат со школата?

-Мокрогорската школа за менаџмент е институција за професионално усовршување  на раководните структури.  Од една скромна идеја до денес помина само една деценија. Многу во апсолутна смисла , но малку за една таква сложена , комплексна цел за унапредување на економското опкружување, претприемничкиот амбиент во нашиот регион.

Во времето кога ја покренав оваа училишна институција, идејата беше таа да биде домашно деловно училиште, која програмски ќе биде составена од најдобрите светски практики што можат да придонесат за нашето економско- стопанско опкружување. Училиштето ( школата ) беше именувана како Мокрогорска од почит кон тој регион на Србија, етно населбата Меќавниќ, кој се наоѓа на крстосница, регион што е исклучително убав и богат со традиција и во кој се досели нашиот славен режисер, Емир Кустурица, кој  своето искуство и љубов го вткаја во овој регион.

Од првите изненадувања, до денес поминаа многу раководители, директори, менаџери низ нашите програми, на кои им пренесуваме идеи, концепти, верувања и инспирација дека нашето водечко опкружување може да биде подобро. Ефектот е видлив, потребно е само време.

Вашето искуство е малку ако се нарече богато. Пред да го отворите овој научен центар, Вие своето знаење го применивте прку раководење и менаџирање на познати компании во регионов и пошироко. Сепак, каде и кои  беа вашите први чекори во бизнисот? Како почнавте, како напредувавте? Чекоревте ли по патот на своите соништа?

Уште од мал бев свесен дека ќе оставам некој печат или трага. Како што ние денес велиме, уште од мал имав многу претприемачки дух. Имав многу идеи, обиди, проекти за кои мечтаев, а некои и ги остварив низ годините. Сонував да бидам адвокат, потоа СЕО извршен директор, потоа претприемач и на крајот станав од се по малку.

Ги застапувам верувањата дека управувањето е чесна и одговорна професија, со повисок степен на одговорност. Ние работиме со директори, сопственици и раководители  и ја промовираме идејата за нивната социјално- општествено значење, за нивната важност и доприносот што тие треба и мораат да им го дадат на своите организации и во општеството како целина.

Имаше многу идеи за претприемништво, од копањето на канал за водоснабдување во Бол на Брач ​​во Хрватска, каде како основци летувавме, па до фабриката за еколошки кавијар во Швајцарија. Во меѓу фазите имаше претприемнички потфати во Русија, како и во земјите од нашиот регион. Многу искуство се насобра низ годините.

 

Срѓан Јаниќијевиќ е основач и директор на Мокрогорската школа за менаџмент. Редовен предавач во искуствените области со управувачко советување претприемништво и бизнис развој. Пред да ја започне својата претприемничка кариера, Јаниќијевиќ поминал 15 години работејќи во мултинационални компании. Работел во „Филип Морис интернешнл“ во Југославија, Швајцарија и во земјите од Централна и Источна Европа. Потоа бил на функцијата директор на компанијата „Кока Кола“ за Србија, Црна Гора и Македонија.  Продолжил како извршен директор на „Политика Н.М“.Јаниќијевиќ има богато искуство во претприемништво како основач на компанијата за развој на деловни разговори со здравиот разум, проследено со компании за управување со недвижнини ХАУЗМАЈСТОР, БИДИ СВОЈ ЧОВЕК и АСИСТЕЛ. Во областа на деловното консултирање, тој управувал со голем број значајни проекти од својата област.По сите овие раководни позиции Јаниќијевиќ решил своето искуство и знаење да го вгради и сподели со други искусни економски и општествено етаблирани успешни луѓе, подготвени да се развиваат преку една нова програма за професионален развој на менаџерите- ја оснивал Мокрогорска школа за менаџмент во 2009 година.


-Што се треба човек да помине за да ја оствари својата идеја, цел? Дали е доволно само образованито или се во прашање и други фактори?

– Саканиот момент, односно волјата е најважна. Волјата се состои од упорност и издржливост. Нема ништо без волја. Во претприемништвото, не е сè како што е планирано. И работите никогаш не се одвиваат според рутината. За тоа е важна упорноста. Претприемачот мора да ги бара решенијата и да биде убеден, да верува дека тие постојат, дури и тогаш, кога не се гледаат на првата топка. Издржливоста е важна, бидејќи за време на сите потешкотии со кои се соочуваме, секогаш има некој што се откажува.

Покрај овие, важни се и другите елементи. Многу е важно да го знаете она  што го работите. Постојат примери за некои што започнуваат бизнис затоа што сметаат дека е профитабилен или модерен, иако за тој бизнис немаат претходно знаење и искуство. Ваквите проекти траат пократко, имаат поголем степен на ризик и обично се помалку успешни.

На крај, важно е да имате и ресурси. Без разлика дали се работи за човечки или материјални ресурси. Најдобрите идеи не секогаш ја гледаат светлината на денот затоа што немаат ресурси за нивна реализација.

Таман, кога ќе помислите дека тоа е сè, морам да споменам уште два важни услови кои влијаат на реализацијата на идејата. Самата можност што сте ја виделе и времето кога таа ќе се реализира.

Времето во кое се реализира идеја е важна компонента за успехот на еден проект. На пример, не е сеедно дали ќе изградите  станица за одржување и напојување на електрични автомобили оваа  година или по десет години.

Можноста што претприемачот ја перцепира е исто така важна и таа има директни врски со знаењето и ресурсите со кои располагаме. Сите овие елементи мора да бидат во рамнотежа за да проектот  има шанса за успех.  Да ја земеме за пример МШМ (Мокрогорска школа за менаџмент). Во времето кога јас ја покренав школата, беше период на криза. Сите буџети за образование на луѓето беа намалени, скратени или воопшто ги немаше. Тоа не беше поволен период да се започне еден  ваков проект. Меѓутоа, другите елементи што ги имавме ни помогнаа да издржиме и да ја развиеме школата.

-Имавте ли Вие свој гуру? Имавте ли свој идол меѓу бизнис фелата во која се движевте или некој менаџер од светски ранг? Примр што и Вие го следевте ?

-Имав и се уште имам многу гуруа. Со текот на годините стекнав голем број на пријатели од кои го купив искуството и за кои имам голема почит. И ден денес имам пријатели и деловни партнери со кои работам  и кои се мои советници и гуруа. Некои се постари од мене, а некои се помлади. Сите имаат различни искуства, но во суштина нас не поврзува големата доверба  и почитувањето што го имаме едни за други.

Од глобалните, добро познати гуруа, омилен ми е Steve Jobs, потоа Jach Welch, Peter Drucker, Henri Mintzberg , еве да именувам неколку.

 Управувањето е чист занает-започнувате како чирак, завршувате како мајстор

-За еден менаџер да опстои долг приод – односно да ја задржи лидерската позиција, дали е доволно само наобразба, искуство, или пак трба да се внимава и на тимот којшто работи со Вас ? Вие покренавте една плеада  на успешни луѓе, предавачи, менаџери, претприемачи…Како вие ги биравте луѓето кои чекореа по патот на идите што вие ги креирате, ве поддржуваа и следеа…?

Претприемачката кариера е многу здодевна ако се сведе само на тоа кој колку пари заработил, колку станови купил  и слично. Ако се бавите со претприемништво низа години, единствено што останува се луѓето со кои сте работеле. На почетокот, тоа се оние кои ве учат, а потоа оние што вие ги учите.

Во суштина, оваа работа е чист занает. Започнувате како чирак, а треба да завршите како мајстор. Без добри мајстори, нема добри чираци. Мајсторите меѓу себе се сакаат и се почитуваат едни со други. Таков е мојот пример. Нема поголемо задоволство во мојот бизнис отколку кога некој ќе ве потсети после 10 или повеќе години на некои детали коишто ви го  одбележале животот. Задоволството кога ќе чуете дека некој напредувал во кариерата или во животот и дека баш вие сте влијаеле на тој напредок кај таа личност. Тоа е суштината на мојата работа.

Јас не можам да работам со луѓе кај кои  не чувствувам човечка емоција. Јас прво се поврзувам како човек, се интересирам за личноста, според вредностите и принципите,  па тек потоа и деловно. Можеби тоа во некои проекти ме ограничи, но тоа е мојот карактер. За мене, работата е составен дел од животот. Можам да кажам, мислам дека можам да дадам многу во деловние односи, но многу и барам. Затоа претпоставувам и резултатите се добри.

 

Срѓан Јаниќијевиќ е дипломиран правник. Магистер за бизнис менаџмент по ТРИУМ Глобалниот сениор Извршен МБА програма, организирана од ЛСЕ (Велика Британија), ХЕЦ (Франција) и NYU STERN (САД). Поминал обуки во престижни деловни школи како IMD (Швајцарија), INSEAD (Франција) и ASHRIDGE (Велика Британија).

Срѓан Јаниќијевиќ е автор на книгите: „Азбука на бизнисот“ (2005) и „Азбука на менаџментот“ (2009) и ментор на водич за претприемачи „БИДИ СВОЈ ЧОВЕК“. Покрај функцијата директор на МШМ каде работи и како редовен предавач, тој предава претприемништво и маркетинг на Факултет за медиуми и комуникација во Белград, како гостин-предавач и има бројни активности во локалната заедница.


-По долгогодишното раководење со бренд компании, дел од вашите искуства ги пренесовте во книги за бизнисот.Сепак, сметам дека врв на вашата кариера е основањето на Мокрогорската школа за менаџмент. …
Сето тоа некако водеше кон создавање на школата. И деловното искуство и другите претприемнички потфати. Од оваа перспектива сето тоа изгледа многу синтетизирано и логично, а всушност беше спонтано и така испадна. Доби форма која и одговара на мојот сензибилитет и искуство.


-Верувам дека луѓето со Вашиот сензибилитет никогапш не застануваат, не се уморни од крирањето и реализацијата на својата идеологија. Секогаш креираат се повисока цел. Верувам и Вие имате уште многу идеи што за образовнието, што за раководењето со бизнис…… Што понатаму?

Тоа е точно. Не знам што е крај. За почеток, ќе го заокружиме системот за деловно образование како неформалното така и формалното. Ние сме во процес на основање на деловна ( бизнис) школа што ќе има основни и магистерски студии засновани на професионални и занаетчиски курикулум. Потоа, на ред доаѓа бизнис консултации, што веќе го има се повеќе, каде  всушност треба да правиме сериозни избори. На крај, како што е и логично,  сето тоа ќе се склопи во некоја научно истражувачка активност. До каде ќе стасаме ќе видиме.( Stay tuned!) Останете во тек!

-Сега од оваа дистанца, што би им препорачале на младите, амбициозни  менаџери на компаниите, на пртприемачите и секако на студентите како идни раководители – како да управуваат со своите бизниси?

Ух. Секој ден има тони различни совети на „Фејсбук“ и „LinkedIn“ на таа тема. Не знам што да кажам, а да не бидам како другите. Кој рано рани, две среќи граби! Немојте да бидете мрзливи!



Komentariši